Силно невреме во Србија и БиХ

Силно невреме вчера ги зафати Србија и БиХ.

Во невремето во кое има и повредени е оштетен дел од пругата Белград – Ниш во близина на Раља.

Невремето нанело големо количество земја и гранки на шините.

Невреме со град го зафати и дел од Колубарскиот Округ, при што предизвика значителна штета на објектите, возилата и на посевите.

И Босна и Херцеговина вчера беше зафатена од бура со град: Од невремето се погодени општина Грачаница во Тузланскиот Кантон, Добој, Зворник и Бијелина.

Во Грачаница паѓал град со големина на јајце, додека во подрачјето на Добој градот бил со големина на орев.