Балкан

Силно невреме во западна Србија

Силно невреме во западна Србија
Невреме проследно со пороен дожд, град и грмежи синоќа ја погоди западна Србија, предизвикувајќи штети на патната инфраструктура и на земјоделските насади.

Како што јави Танјуг, невремето, што започнало по 20 часот, ги погодило териториите на општините Чачак, Горњи Милановац, Пожега, Косјериќ, Бајина Башта и делови од Лучане.

Според метеоролозите, во некои реони од подрачјето погодено од невремето наврнале и до 60 литри дожд на метар квадратен.

Обилните дождови предивикале поплави по улиците и во подрумите на повеќе станбени објекти,

Надлежните органи соопштија дека се предизвикани големи штети, пред се на овошните насади, а регистирарни се и оштетувања на патната  инфраструктура и на повеќе возила. Тие сепак, како што јави РТС; нагласија дека попрецизни информации за штетите ќе бидат познати денеска.