Македонија

Силувана демократија!

Силувана демократија!

Секој човек има право на здрава животна средина – вели член 43 од Уставот на Република Македонија. Тоа е и едно од барањата на „камперите“ во кампот на божемната демократија пред Владата, каде купиштата ѓубре, празни лименки, шишиња, хартија… после секоја вечерна сеанса се се’ друго само не „здрава животна средина“.

„Кампувањето“ во шатор без основни хигиенски услови и неподносливата смрдеа што на плус 30 степени се шири од импровизираните „Тои фор“ тоалети, се одличен предуслов за ширење на разни заразни болести. Зараза која меѓу толку народ на мал простор лесно може да се претвори во епидемија од пошироки размери. Зарем не е тешко лицемерие да се повикуваш на Уставот, а во исто време самиот најгрубо да го кршиш?!

satori12

А за (не)културата и нарушувањето на јавниот ред и мир подобро и да не се зборува. Граѓаните кои живеат и работат во непосредна близина на „дивото камп насеље“, секојдневно, од самрак до зори, се изложени на викање, дерење, неподнослива галама, пуштање на прегласна музика и беспоштедни говори од инсталираното озвучување…!

spojka-satori1

За дивеењето и нецивилизираниот однос на таканаречените кампери зборуваат и фотографиите на ископани бекатон плочки од пешачките стази, искорнати столбчиња, кои го спречуваат дивото паркирање, употребени за ветерот да не им ги однесе шаторите на „камперите“. И сето тоа со „амин“ на оние, во чија служба и за чии интереси „дивото месо“ – камперскиот чир среде центарот на градот изникна! За ова градоначалникот на Центар – молчи! А што да каже, кога се’ се гледа. И чувствува! Глетката и смрдеата се неподносливи! Впрочем, очите и носот – не лажат!

spojka-satori-3

За со денови и месеци затворената главна сообраќајница, една од виталните сообраќајни артерии на метрополата и создадениот хаос во сообраќајот и паркирањето, нема соодветни зборови. За тоа директорот на Паркинзи на општина Центар (ПОЦ), не молчи. Напротив – праќа соопштенија со деманти и гордо се слика среде кампот! Божем е во Градиште, а не среде град! А граѓаните од околните згради и фирми, поради „неговите“ шатори среде паркинг зоната, одат да паркираат џенем!

satori3

Неконтролирано „дивеење“, насилно спроведување на сопствената воља врз грбот на народот, беззаконие, хаос и анархија, во служба на нејзиното величество… уличната демократија. Социјалдемократска, секако! За сметка на онаа вистинската – парламентарната. Во случајов злоупотребена, сквернавена, силувана, понижена, изгнасена, згазена… Од дивата кампинг револуција!

Фотогалерија:

satori12

satori9

satori7

satori10

satori2

satori 4

satori3

Преземено од www.vistina.mk