Силувана девојка со ментално нарушување

Четириесет и четиригодишниот В.А. од штипско село во петокот пријавил во полиција дека дента околу 13 часот од страна на Е.А. била силувана неговата 20 годишна ќерка.

Како што информираат од полицијата, девојката која е со заостанат душевен и ментален развој се сретнала со напаѓачот кој ја искористил нејзината здравствена состојба и на сила ја извршил обљубата.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.