Македонија

Силувана малолетничка во селото Пласница

Силувана малолетничка во селото Пласница

Кривична пријава зарабботи 41-годишниот И.М. од селото пласница зазради силување и малтретирање на малолетничка.

Од полицијата информираат дека немилиот настан се случил на 31. март годинава.

-Пријавениот на 31.03.2015 година, со измама и употреба на физичка сила однел малолетничка  во Пласница и во периодот од 23 часот на 31-ви до утринските часови следниот ден, со употреба на сила и закана, без согласност на оштетената извршил полов напад и физичко насилство врз истата. Откако го извршил делото, најверојатно свесен за тоа што го направил, со возило ја вратил малолетничката до Македонски Брод и ја оставил на патот.

Силувачот бил веднаш приведен и со него е извршен разговор.  Од страна на судија на претходна постапка одреден му е притвор во времетраење од 30 дена.