Силувана старица, во самоодбрана со тесла го удрила силувачот

-Тој тропнал неколку пати на вратата и кога истата му отворила отворила влегол во собата и почнал присилно да врши обљуба врз неа, нанесувајќи и повреди по целото тело. Оштетената цело време давала отпор. Во еден момент во самоодбрана земала тесла со која го удрила И.М., по што тој ја напуштил просторијата, соопштуваат од полицијата.

Полициски екипи извршиле увид на местото, а на оштетената и била укажана лекарска помош во Здравствен дом Македонски Брод и на одделот за гинекологија во Општа болница Кичево.

И.М. е приведен и задржан поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.