Силуваната малолетничка си ја отвори душата

„Ме злоставуваа два пати. Ги преколнував да престанат, но тие продолжија да се изживуваат врз мене. Се обидов да се одбранам, но не можев„, низ солзи раскажува 16 – годишната девојка од Србија која беше силувана.

Девојката на обвинителот му раскажала дека Бојан Паунковиќ, Далибор Димитриевиќ и В.М. монструмите кои ја силуваа, и се заканувале по нејзиниот живот, па затоа морала да молчи.

– Ми се закануваа и додека ме силуваа и потоа. Велеа дека сум мртва ако ја отворам устата. Се плашев затоа не кажав никому, па ни на мајка ми. Ги познавав од порано, секогаш беа пристојни и културни, вакво нешто не очекував, вели малолетничката.

Инаку, монструмите во полиција потврдиле дека ја силувале девојката.