Силувано 14 годишно девојче од Аеродром

Четиринаестгодишно девочје било силувано во скопската населба Аеродром вечерта меѓу вторникот и средата, а случајот бил пријавен вчера од страна на нејзината мајка.

Имено, девојчето во средата околу 13:30 часот се сретална со лице кое го запознала на фејсбук во дворот на нејзиното основно училиште. Девојчето заедно со силувачот се упатиле кон паркот на Клиничкиот Центар-Скопје, каде ги пречекало уште едно лице кое и било претставено како негов брат.

Најпрво седеле во паркот каде ја допирале, а кога почнале да ја соблекуваат таа со ногата успеала да удри еден од напаѓачите. Потоа под закана ја внеле во еден од тоалетите на Клиничкиот центар каде и ја силувале.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.