Силувано девојче во Штип

По девет месеци дванаесетгодишно девојче од Штип, и раскажало на мајка си дека било силувано од непознато повозрасно момче.

Девојчето решило да им каже на своите родители дека било силувано откако случајно го сретнало момчето на улица во близина на нивната куќа.

Според кажувањето на девојчето, во декември минатата година, пријавениот влегол во нивниот дом додека тоа било само, се нафрлил врз него и го силувал.

По ова, му се заканил на девојчето дека ќе го убие ако некому каже што се случило.

Мајката, заедно со детето, вчера го пријавила случајот во полиција, која по препознавањето, поднела кривична пријава против Ѓ.С. (32) за полов напад на дете помало од 14 години.