Македонија

Силувано уште едно дете во тетовскиот затвор

Силувано уште едно дете во тетовскиот затвор

Само четири месеци по пријавувањето за брутално силување на помлад малолетник од четворица негови врсници во ВП дом “Тетово”, во август е силувано друго дете, од малолетен врсник осуден за силување, објави Вест.

Во претходниот случај малолетник беше силуван во самица од страна на четири врсници во Поправниот дом во Велес.

Шокантно во целата приказна беше и што случајот бил од 19 мај, за првпат во полиција е пријавен дури на 16 ју­ни. Дотогаш го немало во ниеден билтен на МВР, бидејќи затворските служ­бе­ни­ци го прикриле, а не го известиле ни Обвинителството.

Тој ден надлежните од­лу­чи­ле дека детето што пријавило силување, не треба да се однесе ни на лекар. Про­це­ни­ле дека е доволно само да се заведе во книгата за дневни настани, и слу­ча­јот така да се заборави.