Бразил2014

Силва: Така нема да загубиме во следните 100 години

Силва: Така нема да загубиме во следните 100 години

Капитенот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тиаго Силва е убеден дека неговиот тим нема да доживее таков срамен пораз каков што доживеа од Германија во полуфиналната рунда, во следните 100 години.
– Точно дека јас не бев дел од тој натпревар, не бев на зелениот терен, но јас сум дел од овој тим на Бразил, јас сум капитен на овој тим. Убеден сум дека такво нешто нема да ни се случи во следните 100 години. Никогаш нема да ги заборавам тие шест минути, шест минути на вистински мрак, почеток на големата трагедија. Сите сме максимално мотивирани пред натпреварот за третото место. Мора да свртиме нова страница, животот мора да продолжи. Загубивме од Холандија на претходниот Мундијал, не сакам да се повтори таа ситуација. Сега не е време за барање на некаков виновник. Сите сме со нашиот селектор. Сите сме виновни за тешкиот пораз од Германија, а не само Сколари”, изјави дефанзивецот на ПСЖ.