Актерката Силвија Стојановска, која присуствуваше на денешниот партиски протест од најголемата опозициска партија пред Владата, зборуваше за азил поради наводниот режим. Но клучното прашење е кој режим? Дали оној истиот “режим“ кој и ги вработи двете деца на Стојановска?
-Јас не знам што треба да направам? Да побарам азил? Каде моите деца да раѓаат деца, каде да растат моите внуци, вели Стојановска за А1он.
Останува нејасно зошто актерката говори за азил, кога овде е обезбедена и таа и нејзините ќерки. Двете деца на актерката Стојановска се вработени во време на ова власт во театарски институции во државата.
Според информациите до кои дојдовме, едната од ќерките на Силвија, Јана Стојановска е вработена во Драмскиот театар, додека другата, Ана Стојановска е вработена во Македонскиот народен театар, двете во декември месец во 2012 година.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.