Свет

Силвио Берлускони ја издржа казната за даночна измама

Силвио Берлускони ја издржа казната за даночна измама

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (78) ја издржа казната-извршување на општетствено корисна работа, на која беше осуден поради даночна измама.

Берлускони мораше да престојува, за да работи по четири часови неделно, во еден дом за стари луѓе помагајќи им на заболените од деменција, пренесува МИА.
По враќањето во својот дом, во близината на Милано тој изјави дека би сакал да продолжи со работата која му беше наложена од судот за да им помага на немоќните како и дека би сакал да го прави тоа, секогаш кога ќе има слободно врене.
– Поминатото време со болни луѓе, со волонтерите и со здравствените и со социјалните работници беше вредно искуство, изјави Берлускони.
Тој беше три пати италијански премиер и се уште раководи со партијата Форца Италија, но неговите проблеми со италијанското судство се уште не се надминати.
Идната недела Берлускони со своите адвокати одново ќе мора да се појават во судот околу старото обвинување дека наводно плаќал за секс на проститутки-тинејџерки. Тоа би можело да предизвика ново судење на поранешниот премиер, кој во 2011 година беше соборен од опозицијата, поради финансиската криза во која се најде Италија.
Две години потоа, со земјата управуваше техничка-експертска влада со која раководеше Марио Монти. На изборите пред крајот на 2013 година ниту еден од двата главните партиско-политички блокови на десниот и на левиот центар не обезбедија доволно гласови за создавање стабилна влада, што предизвика долга политичка блокада, која се разреши со создавањето на голема коалција.
Берлсукони подоцна беше исклучен од Парламентот, откако беше осуден за даночна измама, но поради својата возраст не беше во затвор,туку од мај минатата година,до сега, извршуваше општествено корисно работа.