„Сименс“ влегува во нафтена индустрија

Германскиот концерн „Сименс“ ќе ја купи американската фирма за производство на опрема за нафтената индустрија „Дресер-Ранд“ за 7,6 милијарди долари.

Како што соопшти „Сименс“, Надзорниот одбор ја одобри одлуката на Управниот одбор за купување на сите емитувани акции на „Дресер-Ранд“, кои се наоѓаат во промет во рамки на пријателско преземање.

Одборот на директори на американската компанија едногласно ја одобри трансакцијата. Германскиот концерн планира да го заврши купувањето до крајот на 2015 година.