Бразил2014,Спорт

Симеоне: Аргентина е најлошото сценарио за Бразил

Симеоне: Аргентина е најлошото сценарио за Бразил

Пранешниот репрезентативец на Аргентина, а сега тренер на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М), Диего Симеоне откри дека нема полошо сценарио за Бразил од тоа Аргентина да им биде противник во финалниот натпревар од јубилејното 20. Светско првенство. 

“Најлошо нешто што може да му се случи на Бразил е Аргентина да му биде противник во неделниот финален натпревар. Според мене, ова е најлошото можно сценарио за Бразил. Зошто најлошо? Можам само да замислам каква ќе биде атмосферата која ќе ја направат 40 илјади верни фанови на Аргентина. Маракана ќе биде обоена “сино-бело”. Бразил ќе игра на домашен терен, а противникот ќе има подршка од 40 илјади верни фанови. Сепак, Бразил прво мора да слави во полуфиналниот дуел против одличната репрезентација на Германија, а Аргентина мора да ја елиминира селекцијата на Холандија. Станува збор за балансирани за неизвесни натпревари. Јас сум убеден дека Аргентина ќе ја освои светската титула ако го има Бразил за противник во финалниот натпревар”, изјави Симеоне.