Спорт

Симеоне: Фала за мајките кои родија фудбалери со м….а

Симеоне: Фала за мајките кои родија фудбалери со м….а

Контроверзниот предводник на Атлетико (М), Диего Симеоне по натпреварот против Челзи јавно им се заблагодари на мајките кои ги родиле фудбалерите на Атлетико (М) и кои сега имаат толку големи мадиња.

„Прекрасен натпревар, многу важен момент во клупската историја на Атлетико (М). Многу сум среќен поради пласманот во финалниот натпревар, многу сум среќен поради нашите верни фанови кои платија сериозна парична сума за да бидат со нас и во Лондон, но сега истите имаат шанса да уживаат во овој историски успех. Знам дека цел живот ќе го паметат овој натпрева, ќе ја паметат играта на нивните миленици. Сакам јавно да им се заблагодарам на тие мајки кои ги родија овие фудбалери и кои сега имаат толку големи мадиња. Не е се во трчањето, има нешто и во тактиката. Израмнувачкиот погодок се покажа како пресуден, но ние имавме одличен страт во второто полувреме. Нема никаква разлика, нема никаква предност или некаков минус што во финалниот натпрева за противник го имаме градскиот ривал Реал (М). Одлични се познаваме, си ги знаеме слабостите. Реал (М) има многу моќен тим, навикнат да биде дел од најважните натпревари на клупскат сцена”, изјави Симеоне.