Симеоне ја одобри тактиката на Мурињо

За разлика од некои фудбалски стручњаци кои постојано ја критикуваат неговата дефанзивна тактика, предводникот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е убеден дека нема ништо лошо во тактиката на Жозе Мурињо, кој се почесто го паркира клупскиот автобус пред сопствениот гол.

“Јас сум фудбалска личност и ја почитувам секоја тактика. Многу е важно во што веруваш. Тренерот верува во тоа што е најдобро за неговиот тим, во тоа што може да му донесе позитивен резултат. За секој противник има различна тактика, важно е да се најде добитната комбинација. Не е лесно да се одигра совршено во дефанзива. Јас само можам да им честитатм на тие тимови кои знаат да одиграат без грешка. Не е лесно да се игра и максимално офанзивно. Сите тренери заслужуваат честитка, и тие кои форсираат дефанзивен стил на игра и тие кои форсираат офанзивен. Сепак, ние мораме да се фокусираме на нашиот стил на игра, свесни сме дека мора да постигнеме погодок на “Стемфорд Бриџ”. Мислам дека сме доволно квалитетни за да забележиме позитивен резултат во Лондон”, изјави аргентинскиот стручњак.