Симеоне: Ни помогна и Луис Арагонес

Најзаслужниот за освоената јубилејна 10. шампионска титула во шпанската Примера, предводникот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне по натпреварот на “Ноу Камп” изјави дека имал чуство како и починатиот Луис Арагонес да им помага на неговите дефанзивци.

„Неверојатно. Волшебно. Немам други зборови. Но, знам како ја освоивме титулата. Со храброст, со одлучност, со многу борба и со многу трчање. Рецептот е јасен…нема предавање! Тоа им го кажав на фудбалерите и на полувремето. Тие веруваат во мене, а јас во нив. Тоа е силата на Атлетико Мадрид. Ова е огромен триумф, ја освоивме шампионската круна, но не очекува уште еден голем дуел против Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои имаа придонес во оваа титула, пред се на фудбалерите, на моите соработници во стручниот штаб, на раководството и секако, на навивачите. Заслужија сите да се радуваат. Искрено, во второто полувреме имав чуство дека со нас е и Луис Арагонес, имав чуство дека им помага на моите дефанзивци“, изјави аргентинскиот стручњак.