Симеоне останува во Атлерико Мадрид

симеоне

Иако подолго време се шпекулира дека Симеоне ќе го напушти „Винсенте Калдерон“ и дека ќе мине во италијанскиот гигант  Интер, сето тоа денес го демантира директорот на Атлетико, Хил Марин.

Симеоне во овој клуб ќе остани до крајот на оваа и на наредната сезона. Со нас е пет години и логично е да остане уште многу повеќе, бидејќи сме презадоволни од неговата работа. Ќе продолжиме да се развиваме и ние како клуб и тој како менаџер, па најпаметно за двете страни е тоа да го правиме заедно, изјави Марин за шпанските медиуми.

Атлетико по 16 одиграни натпревари ја зазема шеста позиција во Примера, а во првото пролетно коло ќе се соочи со тимот на Лас Палмас, додека кон крајот на февруари и почетокот на март го очекува двомечот против Баер Леверкузен од рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите.