Спорт

Симеоне полека но сигурно се збогува со Диего Коста

Симеоне полека но сигурно се збогува со Диего Коста

И пред стартот на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, предводникот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне уште еднаш ја повтори веќе дадената изјава дека сите опции се во игра па дури и таа, најдобриот фудбалер во неговиот тим, Диего Коста да си замине од “Винсенте Калдерон” за време на летниот преоден рок.

“Јас нема да бидам изненаден, ако некој клуб кој е финансиски помоќен од Атлетико Мадрид за време на летниот преоден рок ги осигура услугите на Диего Коста. Станува збор за фантастичен напаѓач, кој игра во топ форма. Тој клуб ќе осигура засилување од светски калибар. Коста е поразличен од останатите напаѓачи, Коста е во топ форма, за него нема загубена топка. Кога се во прашање напаѓачите на Челзи можам да кажам дека Ба, Торес и Ето се родени шампиони, а тоа го докажале на многу натпревари. Тројцата имаат освоено се што може да се освои на фудбалската сцена. Станува збор за фудбалери со голем талент”, изјави аргентинскиот стручњак.