Симеоне разочаран од глумата на Неимар

Тренерот на Атлетико (М), Диего Симеоне по натпреварот протув Барселона, јавно го критикуваше бразилскиот интернационалец, Нејмар и го дефинираше како голем глумец.

„Глумата е составен дел од карактерот на Нејмар. Иста таква особина има и Алексис Санчез. Тоа го знам уште од времето кога бев тренер на Ривер Плата. Нејмар има за задача да падне после секој старт. Не може да сфати дека со таквата глума ја уништува сликата за себе. Диего одигра одлично и многу сум среќен поради постигнатиот погодок. Имавме потреба од Коста, затоа играше и повреден. Ќе видиме за каков вид на повреда станува збор и колку ќе отсуствува од зелениот терен. Тука е Раул Гарсија, тука е Давид Виља и Адриан. Нема место за паника. Презадоволен сум од играта на моите фудбалери, но на сите ни е јасно дека двата тима имаат различен стил на игра”, изјави аргентинскиот стручњак.