Симеоне:Реал (М) да не ги искористи слабите то~ки на Атлетико (М)

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико (М), на неколку часа пред официјалниот старт на финалниот натпревар во Лигата на шампиони изјави дека како и секој тим, и неговиот има свои недостатоци, но се надева дека истите нема да бидат искористени од фудбалерите на Реал (М).

“Ова се плодовите од напорната работа во изминатите три сезони. Оставивме одличен впечаток во Лигата на Европа, но ја задржавме човечноста, групната етика. Од голманот, па се до последниот напаѓач, сите знаат што е потребно, каква игра е потребна за да успееме. Само така ќе ги елиминираме недостатоците, само така ќе одиграме подобро од очекуваното. Нормално дека и овој тим има свои недостатоци, но подобро да ги сокриеме од противникот. Играме против историскиот ривал и горд сум на фактот дека еден град има толку можни претставници во Лигата на шампиони. Мадрид сигурно подеднакво е горд Атлетико (М) и Реал (М). Имаме уникатна шанса и се надевам дека моите фудбалери ќе одиграат уште еден историски натпревар, изјави предводникот на “јорганxиите”, Диего Симеоне.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.