Симеоне сака да биде тренер на Интер

Предводникот на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), Диего Симеоне, откри дека со големо задоволство би ја прифатил евернтуалната понуда да биде тренер на италијанскиот калчо гигант Интер.

“Интер? Тоа ќе биде голема чест за мене. Сепак во овој момент, таквите шпекулации се дело на спортските медиуми. Уште се замислувам како тренер на Атлетико (М) и тоа на подолг временски период. Има и такви кои изјавуваат и веруваат дека јас ќе бидам Алекс Фергусон но на клупата на Атлетико (М). Ќе биде многу глупаво ако изјавам дека не верувам во шампионската титула. Особено сега, особено кога ја делиме лидерската позиција со Барселона”, изјави аргентинскиот стручњак.