Спорт

Симеоне сака да му даде шанса на Чичарито

Симеоне сака да му даде шанса на Чичарито

Тренерот на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М), Диего Симоне, откри дека би сакал во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на мексиканскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Хавиер Хернандез Чичарито.

И новиот менаџер на “црвените ѓаволи”, Луи ван Гал, многу не верува во квалитетите на Чичарито кој доколку остане на “Олд Трафорд” сигурно ќе ја грее клупата за резервни фудбалери.

“Разговарав со спортскиот директор. Ми ги објаснив моите идеии, му кажав од каков тип на фудбалер имам потреба. Можам да потврдам дека сум заинтересиран за Чичарито, но следам уште неколку фудбалери. Се е можно до крајот на летниот преоден рок. Не можам да ја затворам вратата од “Винсенте Калдерон” на ниту еден фудбалер. Чичарито е многу добар фудбалер, многу добар во ситуацијата еден на еден. Мислам дека е одлична опција за Атлетико (М)”, изјави аргентинскиот стручњак.