Симеоне убаво се изнасмеа на изјавите на Роналдо и Рамос

Предводникот на Атлетико (М), Диего Симеоне како смешни ги дефинираше изјавите на Кристијано Роналдо и Серхио Рамос дека постои заговор против Реал (М) и дека некој не сака „кралскиот клуб” да биде шампион на Шпанија.

„Што имаат изјавено фудбалерите на Реал (М), дека има такви на кои им сметаат победите на Реал (М) и дека има такви кои не сакаат Реал (М) да биде шампион на Шпанија? Ве молам, баш убаво ме насмеаа ваквите изјави. Ова е само смешно, нема што друго да кажам”, изјави аргентинскиот стручњак.