Спорт

Симеоне верува во Меси и во Аргентина

Симеоне верува во Меси и во Аргентина

Предводникот на новиот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне откри какво е неговото мислење околу лошата форма на најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси во финишот од актуелната сезона.

“Меси освои се што можеше да освои во Европа и за мене сосема е нормално, сега да биде фокусиран на престојниот Мундијал во Бразил. Знам дека го предизвикува тој фудбалски турнир. Мислм дека Меси сега чуствува поголем притисок, чуствува поголема одговорност. Меси може да се носи со таа одговорност, а доколку Аргентина биде крунисана за нова светски шампион, Меси ќе биде уште поспецијален. Само неколку фудбалери ја освоиле светската титула во репрезентативниот дрес на Аргентина и затоа Меси и неговите репрезентативни колеги ќе се обидат да слават во Бразил”, изјави Симеоне.