Свет

Симната забраната за Фејсбук во Турција

Симната забраната за Фејсбук во Турција

Во Турција е поништена забраната за пристап до Фејсбук откако социјалната мрежа се согласила да ги отстрани спорните снимки, изјави директорот на турскиот Совет за информатички и комуникациски технологии тајфун Аџарер, објави МИА.

Претходно, турските власти го блокираа пристапот до социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, како и до ЈуТјуб, поради објавување на снимки на обвинителот, кој беше киднапиран од терористи во Истанбул минатата недела.

Oбвинителот Мехмет Сели Кираз на 31 март беше киднапиран од двајца членови на левичарската група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С).

Во операцијата на турската полиција за ослободување на Кираз убиени се двајцата киднапери, а обвинителот беше повреден. Тој другиот ден ден почина во болница.