Симоновски потпиша со МЗТ Скопје

Довчерашниот кошаркар на Работнички, Марко Симоновски потпиша со актуелниот шампион на Македонија, тимот на МЗТ Скопје. Откако не успеа да најде заеднички јазик со управата на Работнички, тој со тимот од Аеродром потпиша едногодишен договор.

Симоновски, кој беше херој на дуелот против Белгија во Скопје, ќе биде одлично засилување за “металците”, особено откако репрезентативецот Дамјан Стојановски се реши да не го продолжи договорот со шампионот.

Ангажманот на репрезентативниот бек е своевиден одговор на сино-белата страна од престолнината на трансферите на Тодор Гечевски и на Ѓорѓи Чековски од МЗТ Скопје во тимот од „Градски парк“.