Симоновски со нов рекорд на 50 метри

Членот на ПВК Орион, Антониј Симоновски, на меѓународниот пливачки митинг “Лесковачки победник” постигна нов државен рекорд на 50 метри, поминувајќи ја патеката за 28.76 секунди, подобрувајќи го стариот рекорд кој изнесуваше 29.79 секунди.

На митингот на кој учество земаа вкупно 450 пливачи од 5 балкански држави, ПВК Орион е претставен од вкупно 18 натпреварувачи.

Дел од нив успеаа да освојат и медали: Давор Петровски (1 злато и 2 сребра), Јана Серафимовска (1 злато и 2 сребра), Марта Челиковска (1 бронза и 1 сребро), Миа Крстевска (1 бронза и 1 сребро), Андреј Ивановски (1 злато и 1 сребро).