Спорт

Симовски го објави списокот со ракометарките за дуелите со Шведска и со Србија

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски,  го објави поширокиот список на ракометарки на кои ќе смета за двата први натпревара од квалификациите за Европското првенство 2018 година во Франција.

Македонија ќе го отвори квалификацискиот циклус со натпревар против фаворизираната Шведска на гостински терен во Лунд на 28 септември, додека на 1 октомври во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Србија.

Првиот собир е закажан за 25 септември (понеделник) од 18:30 часот во СРЦ „Кале“, а селекторот Симовски во поширокиот список вклучи 23 ракометарки: Наташа Антиќ, Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Јована Мицевска, Теодора Керамичиева, Мирјета Бајрамоска, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска, Душица Ѓорѓијевска, Елена Ѓорѓијевска, Маја Трпковска, Зорица Десподовска, Александра Боризовска, Андреа Белеска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Гајиќ, Ивана Гакидова, Марија Николиќ.

Инаку, непосредно пред првиот собир, македонската репрезентација ќе одигра подготвителен меѓународен турнир во Турција, во периодот од 21 до 24 септември. Симовски, за настапот на турнирот на кој Македонија ќе се сретне со Италија и со две екипи на домаќинот Турција ќе поведе 17 ракометарки.