Симпсони им оддадоа почит на починатите во „Шарли ебдо“

Светски популарната американска цртана серија „Симпсони“ им оддаде почит на жртвите од минатонеделниот напад во Париз во својата последна епизоди, пренесуваат американските таблоиди.

Во епизодата која синоќа беше емитувана во САД, најмладиот лик на семејството Симпсон, малата Меги носеше транспарент на кој на француски пишуваше „Јас сум Шарли“ кој настана еден ден по нападот врз сатиричниот неделник во кој животот го загубија 12 лица.

Серијата „Симсони“ се емитува од 1989 година и досега е добитник на десетина различни награди. Серијата е популарна во целиот свет.

ФОТО: ЈуТјуб