Симпсонови ја предвидоа кризата во Грција уште пред две години

Европа ја продава Грција на И - Беј

Прочуената анимирана серија веќе предвиде голем број случувања во светот, а некој открил дека во јануари 2013-тата година веќе ги предвиделе случувањата во Грција.

Додека сме сведоци на кулминацијата со должничката криза во Грција, на интернет се појавија фотографии на коишто се гледа дека економскиот крах на нашиот јужен сосед го предвидоа токму Симпсонови.

Европа ја продава Грција на И - Беј
Европа ја продава Грција на И – Беј

Во епизодата од 2013-тата насловена: „Политички глуп, со Хомер Симпсон“ (Politically Inept, with Homer Simpson), Хомер се појавува во политичка емисија на Фокс Њуз, а за време на неговото гостување во лентата со најава на вести може да се забележи насловот „Европа ја продава Грција на И – Беј“.

Инаку, ова не е прв пат Симпсонови да се шегуваат на сметка на нешто, што подоцна станало реалност.