Симптоми дека можеби имате рана фаза на рак: Обрнете внимание на вашето тело

Сите лекари се придржуваат кон принципот дека повеќето  видови рак се лекуваат ако се откријат во рана фаза, затоа слушајте го вашето тело.

Онкологот во Центарот за рак, Дејвид Блумфилд  вели дека повеќето видови канцери, всушност, може да се излекуваат доколку се откријат на време.

„Бидете свесни за можните симптоми, но ако некоја друга појава што не можете да ја објасните, а не поминува сама по себе за неколку дена, побарајте медицинско мислење“.

Ова е листа на помалку познати симптоми на рак кои треба да барате:

  1. Засипнатост или писклив глас

Засипнатоста или некоја друга промени во гласот може да се должи на настинка или грип, но ако ситуацијата не се подобри сама од себе за неколку недели, јавете се кај вашиот лекар.

„Постојаната засипнатост може да биде знак на рак што може да се излекува некаде во пределот на главата или вратот, како што е ракот на грлото“, вели д-р Блумфилд.

„Денешните оперативна техника релативно лесно се справуваат со овој вид на рак доколку се открие рано. Исто така, постојаната кашлица треба да се провери и да се направи рентген на градите, особено ако кашлицате не запира дури и по три недели.“

  1. Ноќно потење

Тоа веројатно се должи на вашата постелнина, или можеби сте во менопауза, ако сте жена. Но,  упорното ноќно потење може да биде знак на лимфом, тумор кој се развива во клетките на лимфата.

„Луѓето со лимфом имаат високо ниво на метаболизмот бидејќи клетките на лимфомот користат многу енергија, што предизвикува обилно потење во текот на ноќта“, вели д-р Санкара Панеша, хематолог.

„Другите симптоми може да вклучуваат грутка со големина на 2 сантиметри во пределот на пазувите, препоните или вратот.”

  1. Постојана киселина

Не е невообичаено да почувствувате киселина, по мрсниот и тежок оброк. Но, ако тоа трае подолго од две до три недели редовно треба да се пијат апчиња за киселина, тоа би можело да биде знак на рак на желудникот, панкреасот па дури и на јајниците.

  1. Болки во грбот

„Многу луѓе…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.