Симптоми дека вашето тело е полно со токсини

Постојат низа причини што доведуваат до покачено ниво на токсини, а најчести се неправилната исхрана, недостатокот на физичка активност, прекумерното конзумирање алкохол и пушењето цигари.

Доволно е да обрнете внимание врз тоа како вашето тело функционира за да препознаете дали ви е потребна детоксификација.

Променета боја на јазикот

Ако вашиот јазик попримил бела или жолта боја, постои голема веројатност во вашата крв да има присуство на покачено ниво токсини.

Проблеми со здравјето на кожата

Ако вашата кожа станала воспалена и ве чеша, а имате уредни хигиенски навики, веројатно би требало да се обидете со детоксификација.

Зачестени главоболки

Главоболката во поголемиот дел од случаите е показател дека некои делови од вашето тело не функционираат правилно, а една од причините може да биде превисокото ниво на токсини во телото.

Недостиг на енергија

Ако чувствувате хроничен замор без разлика на тоа колку време спиете, веројатно би требало да се обидете со детоксификација.

Несоница

Ако веќе подолго време тешко заспивате или квалитетот на сонот е многу полош од претходно, тоа може да биде знак на високо ниво на токсини во телото.