Симулација на летот: Еве што се случувало во „Ербасот“

Француските експерти направија симулација, што се случувало во авионот „Ербас“ А320 кој се сруши во вторникот во јужниот дел на Франција.

Симулацијата е направена на Европскиот симулатор за летање, а изгледот на пилотската кабина е поинаков затоа што таа во симулаторот е направена да наликува на онаа во Боинг 737.

Францускиот обвинител Брис Робен изјавил вчера дека за несреќата е виновен копилотот Андреас Лубиц, кој наводно, поради душевна болест намерно го срушил авионот.

Погледнете што се случувало на кобниот лет на „Џерманвингс“.