Симулациска вежба за спречување на негативните последици од сообраќајните несреќи

Симулациска вежба „Сообраќајна несреќа со повреден пешак“, се одржа денеска во близина на Градскиот парк во Скопје, во рамки на кампањата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), за подигнување на свеста кај ранливите групи на население за поголема безбедност во сообраќајот.

Во вежбата во која автомобил со тројца патници удира во пешак при што се двајца се повредени (пешакот и една девојка од автомобилот) опфати укажување прва помош, тријажа, евакуација и транспорт на повредените. Кампањата на РСБСП активно ја поддржува Министерството за здравство.

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски изјави дека вежбата претставува уште еден чекор до утврдување на крајната цел на кампањата, а тоа е спасување што повеќе човечки животи и спречување на негативните последици од сообраќајните несреќи.

Посочи дека согласно статистичките податоци од почетокот на 2015 година, досега, седум пешаци го загубиле животот на сообраќајниците во Македонија.

Фотографија: МИА