Син го избодел татка си

Педесетгодишен жител на тетовско село е згрижен како итен случај на скопските клиники во четвртокот, откако во уште неразјаснети околности бил избоден од неговиот син, информираше во петокот Министерството за внатрешни работи.

Во Секторот за внатрешни работи Тетово, од Клиничкиот центар Тетово било пријавено дека кај нив бил донесен 51-годишниот Р.Х. од село Лавце, кој бил повреден со остар предмет во пределот на левата страна од стомакот.

По негово кажување, тој бил повреден од неговиот син А.Х. во нивната семејна куќа. Поради сериозноста на повредите, Р.Х. како итен случај бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.