Македонија,Крими хроника

Син го прободел со нож татко си и побегнал

Син го прободел со нож татко си и побегнал

Расправија меѓу татко и син вчера прераснала во тепачка. Во семејната куќа синот К.Г.(41) искршил врата од соба и физички го нападнал неговиот татко Т.Г. (65). Со нож тој на својот татко му нанел расекотина во пределот на усните и побегнал.

По преземени мерки К.Г. е приведен, а по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветна пријава.