Син на еден од најбогатите луѓе: Како изгледа да растеш опкружен со милијардери

Кога луѓето ќе дознаат дека Ворен Бафет му е татко, остануваат во шок, затоа што Питер е „мошне нормален“.

Питер Бафет е најмладиот син на третиот по ред најбогат човек во светот – Ворен Бафет. Луѓето обично се изненадуваат кога ќе слушнат кој му е татко со зборовите: Но, ти си толку нормален, раскажува Питер.

Оваа нормалност воопшто не е изненадувачка ако се земе во предвид како изгледало неговото растење со еден од најбогатите луѓе во светот.

Питер и Ворен Бафет
Питер и Ворен Бафет

Додека растевме немавме поим што прави нашиот татко. Тоа беше доста мистериозно за нас. Кога мојата сестра требаше да попопни некој образец во четвртто или петто одделение, за тоа што работат родителите, таа напиша дека татко ми се занимава со „анализа на безбедноста“, а сите претпоставија дека тоа значи дека тој проверува „алармни системи“. Кога сте дете, се прашувате што значат сите тие броеви на хартијатаж? И што е берзата и продажбата и купувањето акции и сето тоа? Така што ние навистина ништо не разбиравме, раскажува овој музичар и писател.

Во семејството на Бафет секогаш се живеело нормално и скромно.

Во училиште секогаш одев пеш, англиски јазик ми предаваше учителката што и предавала на мајка ми, вели Питер и појаснува дека неговите родители финансиските успеси ги чувале некаде во заднина.

Воопшто не е чудно што Питер и неговите брат и сестра немале претстава за заработката на нивниот татко во периодот додека растеле во скромна куќа со пет спални соби во Омаха, која Ворен ја купил за 31.500 долари.

Куќата на Ворен Бафет
Куќата на Ворен Бафет

Биле потребни 25 години за Питер конечно да сфати што работи неговиот татко.

Постепено доаѓав до тоа сознание… Мислам дека имав околу 25 години кога конечно дознав. Вистината секогаш беше тука некаде, но не израснавме окружени со богатство, вели тој.

Бафет е познат по тоа што води доста скромен стил на живот. И денес живее во истата куќа каде што одраснаа неговите деца и наместо паметен има телефон на преклоп, пишува „Бизнис инсајдер“.

Бафет е познат по тоа што води доста скромен стил на живот
Бафет е познат по тоа што води доста скромен стил на живот

Тој слободното време го поминува со книга, што е навика која е постара од неговиот 57 годишен син:

Секогаш читаше многу, како и денес. И ќе ви кажам дека денес ако влезете во нашата куќа би го виделе истото што би го виделе и во 1965-тата година. Тој едноставно живее во согласност со самиот себе си и не сака промени. Тоа е помалку неверојатно, но е така, вели Питер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.