Син на руски пратеник уапсен во САД заради хакерски напади

Син на еден руски пратеник уапсен е во Америка бидејќи наводно извел повеќе хаерски напади на малопродажни компјутерски системи заради кражба на податоци од кредитни картички, заради што денеска Русија ги обвини САД за кршење на билатералниот договор и „киднапирање“ на руски државјанин.

Пратеникот на Руската Дума од партијата ЛДПР Валерија Селезнјов потврдил денеска дека американската специјална служба го привела неговиот син Роман на аеродромот на Малдивите.

„Моментално разговарам со руското министерство за надворешни работи. Киднапирањето е злочин“, рекол за Итар Тас и додал дека Русија мора да ги заштити своите државјани и дека Роман треба да се врати во Русија.

Американското министерство за внатрешна безбедност соопштило дека тајната служба на 5-ти јули го уапсила Роман Валеревич Селезнјов (30) заради дела кои ги направил во периодот меѓу 2009 и 2011 година.

Во меѓувреме и руското министерство за надворешни работи во соопштението навело дека „киднапирањето на руски државјанин“ го смета „за најнов непријателски потег на Вашингтон“.

Роман Селезнјов во март 2011 година е обвинет за повеќе точки, помеѓу другото за банкарска измама, предивикување штета на еден заштитен компјутер и тешка кражба на идентитет, соопштиле американските власти.

Во обвиненијата се додава дека Селезнјов извршил хакерски напади на веб-страниците на повеќе мали ресторани, играчници и клубови, наведува Ројтерс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.