Крими хроника

Син нападнал татко во Тетово

Син нападнал татко во Тетово

Тетовецот А.А.(47) се здобил со расеченица на десната рака откако вчера во 18 часот и 40 минути бил физички нападнат од неговиот син С.А.(22) со нож, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

По добиената информација, полицијата го привела синот, кој бил во алкохолизирана состојба. Во координација со јавниот обвинител С.А. бил задржан во Полициската станица Тетово и му е одземен ножот за вештачење.

Според првичните информации причина за физичкиот напад биле претходни семејни недоразбирања, а надлежните преземаат мерки и активности за целосно расчистување случајот, рече Јосифовски.