Македонија

Синани: Ифтар вечерите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите етникуми и вероисповести

Синани: Ифтар вечерите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите етникуми и вероисповести

Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски и други функционери од истата партија, присуствуваа на ифтар вечера која беше организирана во Скопје во пресрет на големиот исламски празник.  Тие им го честитаа големиот муслимански празник и на сите припадници од муслиманската вероисповед им посакаа многу здравје и успеси.

Албанците, Бошњаците, Македонците муслимани и останатите етникуми го поздравија овој гест на ВМРО-ДПМНЕ за организирање на ифтар вечера кој веќе преминува во традиција.

Ова е добар настан кој го организира партијата. Луѓето кои што се членови на ВМРО-ДПМНЕ, се задоволни од тој чин. Исто така и добронамерно е направено кои покажуваат дека не ги заборават луѓето, дека зад нив има партија кои се грижи за нив и нивните интереси, вели Али Шериф Синани.

iftar0

Мислам дека ова е полн погодок. Вакви средби се добредојдени за соработка, да се видиме меѓутоа значи и почит кон Македонците со муслиманска вероисповед, вели Туркан Љукановци, претседател на Горанското друштво во Македонија.

iftar8

Тоа е супер, ние се зближуваме се повеќе и повеќе со разговорите за овие вечери за Ифтар, вели Фаик Весељовиќ, кој по однос на обвинувањата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ била националистичка партија, вели дека не е точно и дека овие дружења се доказ за тоа.

Македонците муслимани, Албанците и останати етникуми, категорично тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ не е националистичка партија, туку спротивно- дека е една партија која ги сполтува сите религии и националности во едно.

iftar4

Видете многу е смешно тоа да се обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ е националистичка партија бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ членуваат, Македонци, Македонци муслимани, Албанци, Роми, Турци. ВМРО-ДПМНЕ широко ги отвора вратите за секој оној кој сака доброволно да пристапи кон таа опција. За нас Македонците муслимани мислам дека ВМРО-ДПМНЕ е единствена опција која што се грижела, се грижи и тоа ќе го прави и во иднина за нашиот народ и права, вели Љукановци.

iftar5

ВМРО-ДПМНЕ не е националистичка партија. Напротив е демократска партија. Опозицијата може да коментира се и сешто, вакви настани тие ги копираат од ВМРО-ДПМНЕ, вели Шериф Синани.

ВМРО-ДПМНЕ отворено во изминатиов период ја застапува политиката на инклузивност кон Македонците муслимани, но и припадниците на другите етнички и верски заедници. Во извршниот комитет на партијата освен припадници на Македонците муслимани, за прв пат беше именуван и член од турската етничка заедница, докторката Нермин Теловска.

Пред само неколку дена, Ифтар вечера приреди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој го честиташе големиот муслимански празник и на сите припадници од муслиманската вероисповед им посака многу здравје и успеси, а посака и заедно да се радуваат на, како што рече, наредната победа на изборите.

Ние веќе го направивме ова еден вид традиција, трета година по ред. Секоја година во периодот кога е овој муслимански празник организираме барем по една ифтар вечера. Сакам на сите што сте од муслиманска вероисповед да ви го честитам празникот, да ви посакам многу здравје, здравје и во вашите семејства, на вашите најблиски, да ви посакам хармонија, мир во душата, успеси, среќа и радост во вашите семејства и во вашето опкружување и да се радуваме заедно на наредната победа на изборите, рече Груевски.