Магазин

Синди Крафорд: Не се пензионирам

Синди Крафорд: Не се пензионирам

Супермоделот Синди Крафорд ги негираше неодамнешните шпекулации за нејзиното повлекување од светот на модата, откривајќи дека нема дадено ниту една официјална изјава, како и дека тоа било шега што кружи во нејзиното семејство.

Во едно интервју, Крафорд наводно сугерирала дека кога ќе наполни 50 години, на 20 февруари, ќе се повлече од светот на модата. Меѓутоа на својот Инстаграм профил открила дека „сите наслови не ја кажуваат целата приказна“.

– Секоја година им зборувам на своите деца дека ќе се пензионирам. Сепак, секоја година ми се нуди шанса која навистина ме радува. Иако е вистина дека едвај чекам фокусот да го насочам на сопствениот бизнис, пријателите и семејството – не носам никаква конечна одлука, напиша познатата манекенка.

– Во последните 30 години обожував што сум дел од модната индустрија – иако сето тоа време ме научи на нешто, а тоа дека никогаш не треба да велиш никогаш, додаде Крафорд.

Имено, Синди стана една од првите и најпознати супермодели во осумдесетите и деведесетите години, работејќи за модните куќи „Шанел“, „Кристијан Диор“ и „Валентино“.

Пред 15 години се повлече од постојаната работа, но моментално е заштитно лице на францускиот бренд „Балман“ за колекцијата пролет/лето 2016 година, заедно со модните ветерани Наоми Кембл и Клаудија Шифер.