Синдикатите од Балканот се мобилизираат во поддршката на Живко Митревски и ССМ

ссм

Не стивнуваат реакциите од странство откако во Македонија се случи огромен скандал во синдикалното организирање преку кој техничката министерка, Фросина Ташевска Ременски реши да се вмеша во Сојузот на синдикати на Македонија и да одлучува кој ќе ги претставува работниците со правење на фалсификати за смена на претседателот Митревски.

Дека овој невиден упад во синдикалното организирање во Македонија до сега добива меѓународни размери говори фактот што синдикатите од Балканот и поединечно реагираат и изразува згрозеност од овој акт на техничката министерка која заедно со четворица претседатели на гранкови синдикати блиски од опозицијата потготвувале насилна смена во ССМ.

Во дописот од Сојузот на самостојни синдикати на Србија се вели дека со ова Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија прекршило бројни меѓународни документи посебно Европската социјална повелба и Конвенцијата на меѓународната организација на трудот бр.87 со која на синдикатите им се гарантира автономија.

ssss-486x630

Слична реакција доаѓа од Сојузот на слободни синдикати на Словенија кои истакнуваат дека на овие простори не се памети ваков антисиндикален чин на обид за присилна промена на легално избран претседател на синдикат. Од словенскиот синдикат бараат да се преиспитаат мотивите за овој чин а виновниците да се санкционираат.

ssss1-445x630

Од Сојузот на самостојни синдикати на Босна и Херцеговина истакнуваат дека се крајно непријатно изненадени од мешањето на техничката министерка во автономијата на ССМ и бараат веднаш да се престане во секој облик на мешање и да му се овозможи на Живко Митревски непречена работа и застапување на членовите.

ssss2-445x630

Претходно реагираа и регионалниот синдикален совет “Солидарност” кој ги обединува репрезентативните синдикати од земјите на поранешна Југославија упатил протест до Ременски за рушење на автономијата на ССМ. Како и најголемата синдикална организација во светот Меѓународна конфедерација на синдикатите (ITUC) во членуваат повеќе од 301 организации- членки во 151 земја, со вкупно членство од повеќе од 176 милиони работницим и Европска конфедерација на синдикати (ETUC) која е составена од 88 национални синдикални федерации во 37 земји

Евидентно е дека техничката министерка Ташевска Ременски директно го загрозува имиџот на Република Македонија како држава со злоупотребата на службена положба и обидот со незаконски дејствија да се направи упад во најголемиот синдикат во Република Македонија

Четворица претседатели на гранкови синдикати блиски до СДСМ во заговор Фросина Ташевска Ременски потготувале смени во ССМ со непочитување на Статутот и процедурите кои произлегуваат од него и фалсификување на документација. Врз база на фалсификувана исправа техничката министерка експресно донела решение за која се предвидува смена на Живко Митревски без претходно да ја исконтролира поднесената документација.

Во Јавното обвинителство кривичните пријави веќе се разгледувале и биле превземени првите мерки. Предметот бил земен од Централниот регистар и е запрена постапката за упис на промените кои се направени во незаконска и легитимнапроцедура.Започнати биледруги дејствија за утврдување на фактичката состојба со земање на изјави од инволвираните лица. Во овој случај направени се повеќе кривични дека како: кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и пречекорување на службеното овластување што претставува кривично дело утврдено во член 353 од Кривичниот законик, кривично дело договор за извршување казниво по член 393 и по член 394 за злосторничко здружување од Кривичниот законик како и кривично дело фалсификат на исправи согласно член 378 од Кривичниот законик.

За сторените кривични дела може да следи казна затвор и до 13 години.

Извор: Денешен

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.