Синдикатите штрајкуваат во Брисел

Главниот град на Кралството Белгија и на Европската унија, Брисел, денеска е целосно блокиран поради штрајкот на главните синдикални организации во Белгија, на кој се приклучи и компанијата “МИВБ” која стопанисува со метрото, трамваите и со градските автобуси во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од 10:00 часот утринава трае блокадата на јавниот превоз, како резултат на протестот на синдикатите против, како што ја нарекуваат “асоцијална политика” на новата федерална Влада, предводена од премиерот Шарл Мишел.

– Она што го прави новата Влада на Белгија ќе предизвика да имаме студена зима за семејствата. Обичните луѓе и работниците ќе страдаат, а само оние кои живеат од своите дивиденди и бонуси ќе се спасат – истакна шефот на социјалистичката нија на синдикати, Руди Де Лев.

Во понеделникот, претставници на синдикатот започнаа кампaња со летоци на железничките станици за да ја информира јавноста за нивните проблеми. Во наредните месеци, понатамошни активности се планирани во различни провинции. Притоа, затворските службеници протестираат одделно, а повеќе прекини се очекува и во железницата. Крајните и големи протести во белгиското Кралство се најавени во рамки на национален штрајк на 15-ти декември.
– Последиците од овие акции нема да бидат позитивни за стопанството или за бизнис. Ова се случува со цел да се спречат малите компании д аостваруваат бизниси, во време кога сите тие треба да добијат државна помош – – рече Питер Тимерманс, претседател на Федерацијата на белгиските бизнис-заедници.
Инаку, во Брисел, повеќе од 80 проценти од вработените во јавниот превоз се дел од организацијата “МИВБ”, која го поддржа денешниот штрајк. Целата мрежа на автобуси, трамваи и метро беше повеќе или помалку во застој, а и железничките и аеродромски услуги исто така беа погодени, како и пристаништето во Антверпен, објекти за дневна грижа и некои бизниси во приватниот сектор.