Синдикатот на дипломатската служба на протест

Синдикатот на дипломатската служба на протест
Синдикатот на дипломатската служба на протест

Под мотото „Едно за сите сите за едно“, за професионална димплатија Синидкатот на дипломнатки службеници денеска одржа предупредувачки протест со кој го изразија незадоволството од состојбите во МНР поради, како што оценуваат, депрофесионализација и партизација на дипломатијата.

Претседателот на Синдикатот Сашко Тодоровски истакна дека симболиката на закажувањето на денешниов протест во 12:05, е јавно да го искажат незадоволството, што е вели, апсолутен преседан во 53-те години постоење на ова Министерство, кое следи по неуспехот за дијалог со раководството на МНР по безброј обиди и јавни објави да воспостават дијалог.

Причината за протестот, посочи Тодоровски, се многубројни, а како пример ги наведе измените на Законот за надворешни работи усвоени по предлог на Владата во очи на минатиот католички Божиќ без дебата, со кои, посочува, се предвидува да нема лимит за станарините на економските промотори, при што ова правило не се однесува и на дипломатите од кариера. Од овој Синдикат, реагираат и на како што велат, можноста дипломатско-конзуларната мрежа да се употребува на начини што се граничат со злоупотреба во делот на ингеренциите за издавање граѓански пасоши, а во контекст на искуството од гласањето а дијаспората на изборната 2014 година и на претсојните избори.

– Не случајно упорно и упорно повторуваме – професионализам. Тоа значи дека ни треба еден сериозен фокус на нашата дипломатија токму во време на избори. Само професионална, а тоа значи и неутрална, дипломатија може во најголема мера да ги попречи евентуалните злоупотреби на гласовите на дијаспората. Наспроти тоа, партиска дипломатија е само фикција – се работи за партиски алали во функција на злоупотреба или тешка манипулација на гласовите од дијаспората. Во секој случај, се оставаат огромни сомнежи поради кои не можеме и нема да можеме да кажеме дека се работи за демократски, фер и слободни избори, рече Тодоровски.

Поддршка за протестот изрази и претседателот на Дипломатскиот клуб, амбасадорот Данчо Марковски, според кој, Синдикатот бара е да се остават дипломатите да ја вршат својата работа професионално.

Во упатениот проглас до членството од Синдикатот на дипломатската служба бараат итно ставање во мирување на сите измени на постојниот ЗНР од 2008 година наваму и подзаконските акти донесени врз основа на тие измени и, со тоа, враќање на оригинерниот текст Законот од 2006 г. во сила, како и итно повлекување на Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор донесени во 2014 година, и враќање на Законот за државни службеници од 2000 г. во неговата оригинерна форма.