Синдикатот на работниците во администрацијата со реакција за најновиот скандал на Ременски

Синдикатот на работниците во администрацијата и државната управа преку писмено соопштение денес реагира на, како што велат, екстремното влошување на условите за работа на вработените во институциите под капата на министерството за труд и социјална политика.

Од синдикатот напоменуваат дека одмаздничкиот однос не е вперен само кон оние кои извршуваат функции во јавните установи.

Во нашите разграноци низ државата има масовни реакции од незадоволство на наши членови после објавата на медиумите кои не беа демантирани од техничката министерка дека вработените останале без осигурување. Ние сме должни да реагираме и да ги заштитиме интересите на вработените во државната управа односно вработените во јавните устаноци и центри за социјална работа. Дали е возможно ова министерството кое има законска должност да ги унапредува и подобрува правата на работниците да прави ваков престап на основно право на работникот право на безбедност, прашуваат од Синдикатот.

Оттаму укажуваат дека нив како синдикат не ги интересираат техничките и произволно изговори кои би дошле од министерството зошто во моментов се неосигурани вработените под нивна капа.

Ја  предупредуваме техничката министерка за струд и социјална политика доколку продолжи  вакво отворено кршење на работничките права со било кој нејзин нареден гест, ќе пристапиме кон радикализирање и ќе ги информираме меѓународните организации. Внатрешниот хаос во министерството не може да се рефлектира врз грбот на работникот, не постојат никакви изговори, се вели во соопштението до Синдикатот.