Синдикатот најавува протест на полицијата: Премиерот и министерот да не ги бојкотираат нашите барања

Претседателот на независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев – Тодев, бара поголема заштита за полициските службеници бидејќи, како што вели, не може лицата кои го прекршиле законот да ги навредуваат и омаловажуваат полицајците кои извршуваат работни задачи.

-Во последните неколку недели сме сведоци дека во рамките на МВР се работи на дополнителен механизам поврзан со внатрешната контрола, потег што ние го поздравуваме. Но, не може да се случи нашите барања кои ги доставуваме до министерот и премиерот да бидат бојкотирани. Ние им ветивме на полициските службеници дека како што ќе се зголемува бројот на членството, така ние сè повеќе ќе се спремаме да излеземе на улица, рече Гоце Делчев – Тодев.

Од независниот синдикат на полицијата велат дека не можат да бидат неми, гледајќи ги случувањата со полициските службеници во Македонија.

Тој ги повика министрите во Владата, заедно со премиерот, сериозно да го разгледаат документот кој тие го испратиле.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.