Синдикатот не ја прифати понудата на „Рајанер“

Синдикатот кој ги претставува пилотите и копилотите на „Рајанер“ во Белгија ја отфрли понудата на оваа нискобуџетна ирска авиокомпанија пред најавениот штрајк во пет земји на 28 септември.

„Рајанер“ понудил од март 2020 година да ги усогласи прописите со белгиското законодавство за вработување за работниците по договор, со цел да се реши една од најголемите поплаки од работниците, а во врска со регрутирањето на нови лица.

Синдикатот„ЦНЕ” рече дека тоа само ќе им помогне на половина од работниците бидејќи се знае дека „Рајанер“ вработува нови работници преку агенцијата за вработување „Крулинк“, која дава сопствени договори.
Од синдикатот велат дека понудата на компанијата претставува „неприфатлив“ обид за поделба на работниците за да се добие време пред штрајкот.

Тоа е измама од „Рајанер“, рече портпаролката на ЦНЕ, Ив Ламбо за Ројтерс.

Пилотите во другите европски земји се заканија со нов штрајк против „Рајанер“ ако преговорите не успеат.

Штрајкот е закажан за 28 септември и ќе ги опфати Белгија, Италија, Холандија, Португалија и Шпанија во 24-часовен период.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.