Македонија

Синдикатот при СОНК на Драмски театар се оградува од денешниот протест

Синдикатот при СОНК на Драмски театар се оградува од денешниот протест

Синдикатот при СОНК на НУ Драмски театар, како мнозински репрезентативен синдикат во образованието, науката и културата, преку соопштение наведува дека не го поддржува и се оградува од денешниот протест на таканаречениот Совет на Синдикатот на културата во Република Македонија пред Министерството за култура.

Во соопштението информираат дека разговорите на СОНК со Министерството за култура за донесување на Колективниот договор се во тек и дека ваквиот начин на дејствување на нерепрезентативни синдикални организации не може да му помогне на процесот.